Достапни линкови

Либија:Нападната амбасадата на Јужна Кореја


Неидентификуван вооружен човек ја нападнал амбасадата на Јужна Кореја во либискиот главен град Триполи. Во инцидентот загинале двајцата чувари, а третиот е повреден. Министесртвото за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека во денешниот напад не е повреден ниту еден од вработените во амбасадата. Се уште не е јасно дали целта на нападот била амбасадата или чуварите. Ниту една група досега не ја презема одговорноста за инцидентот. Во Либија се уште има значителен број на групи кои продолжуваат да ја дестабилизираат ситуацијата по соборувањето на режимот на Муамер Гадафи во 2011 година

XS
SM
MD
LG