Достапни линкови

logo-print

Грција со рок за реформи за да ја добие последната транша од помошта


Европските партнери и дадоа на Грција рок до 20 април да подготви список со прифатливи реформи во замена за последната транша, која ќе и биде испратена преку програмата за меѓународна помош, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според весникот, овој датум е единствената можност за да можат кредиторите на Грција да имаат време да ги разгледаат предлозите за реформи на Атина пред средбата на Еврогрупата во Рига на 24 април. Атина одбива да прифати намалување на пензиите и платите, и поради таа причина преговорите за грчкиот долг се без успех. Грција очекува од август исплаќање на 7,2 милијарди евра европска помош. Тоа е последната рата од меѓународната помош за земјата во износ од 240 милијарди евра, кои се одобрени во 2010 година во замена за драстични реформи.

XS
SM
MD
LG