Достапни линкови

logo-print

Иран ја обвини Саудиска Арабија за хакерски напад


Хакери го нападнале профилот на социјалните мрежи на иранската телевизија на арабски јазик Ал-алам денеска и поставиле материјал поврзаи со саудскиската воздушна акција против бунтовниците во Јемен тврдејќи дека нивниот лидер е убиен. Телевизијата ја обвини Саудиска Арабија дека стои зад хакерскиот напад чија цел се профилите на Ал-Алам на Твитер и Јутјуб. Хакерите постирале информација дека лидерот на групата во Јемен поддржана од Иран е убиен. Тие исто така на твитер профилот поставиле и информација за која велат дека ги содржела контактите на соработниците на Ал-Алам во Блискиот исток. Телевизијата соопшти дека се уште се обидуваат да ја вратат контролата на хакираните сметки. Односите меѓу двете земји не се добри со декади, но значајно се влошија откако Саудска Арабија и нејзините сојузници минатиот месец започнаа со бомбардирање на цели на терористичката група во Јемен.

XS
SM
MD
LG