Достапни линкови

Иванов и Трајановски на литургија во Соборниот храм


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски по завршувањето на Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје, на сите православни верници им го честитаа христијанскиот празник Воскресение Христово - Велигден и им посакаа многу здравје, среќа, љубов, духовен мир и меѓусебно почитување.

"Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во духовен мир, семејна хармонија и слога, да им посветиме должно внимание и почит и да ги даруваме со многу радост и многу љубов нашите семејства, нашите пријатели, нашите соседи. Во духот на нашите традиции да ги почитуваме сите оние вредности што ни овозможиле да опстојуваме низ векови и да се соочуваме со сите предизвици" изјави претседателот Иванов.

Трајановски на граѓаните на градот Скопје и на Република Македонија им посака здравје, среќа, љубов и меѓусебно почитување.

"Христовото Воскресение е верба во животот, нека ни даде сила и поттик да го реализираме она што сме го замислиле, да оставиме што повеќе дела позади нас и да веруваме во животот. Воедно една порака дека животот е практично бесмртен. Што повеќе да има млади луѓе кои ќе го продолжат нашиот живот" додаде Трајановски.

XS
SM
MD
LG