Достапни линкови

Голем пожар во јужен Сибир


Во големиот оган помогнат од силен ветар кој го зафати јужниот сибирски регион изгореа повеќе од сто објекти. Локалните власти соопштија дека 16 населени области во четири реони биле зафатени од огнот, кој како што рекоа, почнал откако некој нелегално запалил трева. Најмалку 15 луѓе се повредени, а двајца од нив како што се јавува се во критична состојба. 70 од изгорените објекти се куќи. Од Министерството за вонредни состојби соопштија дека околу 50 противпожарни возила и околу 200 пожарникари се обидуваат да го стават огнот под контрола, а дека помош е пратена и од соседните републики. Како што се соопштува на терен се и три противпожарни авиони и два хелихоптери. Пожарите во Сибир се голем проблем последниве години. Секое лето илјадници хектари земја горат во областа.



XS
SM
MD
LG