Достапни линкови

Обама ја нарече средбата со Кастро историска


Американскиот претседател Барак Обама се сретна со кубанскиот претседател Раул Кастро. Ова се разговори меѓу највисокипретставници на двете земји во последниве 50 години. Обама го опиша неговиот приватен состанок во Панама кој се одржа на маргините на самитот на американските лидери како историски, додавајќи дека двете земји може да стават крај на антагонизмот од времето на студената војна. Обама додаде и дека се уште има длабоки и значајни разлики меѓу двете влади и дека ќе продолжат со истакнување на загриженоста за демократијата и човековите права во Куба, додека Кастро ќе продолжи со критиките на политиките на САД. Двајцата се согласиле во декември да се обидат да ги обноват дипломатските односи прекинати од Вашингтон во 1961 година.

XS
SM
MD
LG