Достапни линкови

Денови за мир и спокој


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Мило ми е што народот малку се одмара од нивните безделничарски прес-конференции каде што си се радуваат само на своите аплаузи и каде што се „јачаат“ меѓу себе што ѝ нанесуваат штета на Македонија, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Овие велигденски денови, се наменети за поминување време со своите најблиски и со семејството. Оставаат простор да се одмориме од деструктивни и уништувачки политики кои ги водат некои луѓе за да се доберат до власт на овој или оној начин.

Мило ми е што народот малку се одмара од нивните безделничарски прес-конференции каде што си се радуваат само на своите аплаузи и каде што се „јачаат“ меѓу себе што ѝ нанесуваат штета на Македонија. Веднаш се гледаат насмевки на лицата кај луѓево.

И рака на срце, мило ми е што народот малку се одмара од нивните безделничарски прес-конференции каде што си се радуваат само на своите аплаузи и каде што се „јачаат“ меѓу себе што ѝ нанесуваат штета на Македонија. Веднаш се гледаат насмевки на лицата кај луѓево. Како да се ослободени од една негативна енергија на тиранија што го прогонува месеци наназад. За оние постарите – години и децении наназад.

Воскресението христово е празник кој секое семејство го поминува во хармонија. Празничните трпези го враќаат мирот и спокојот во нашите домови. Христовата енергија нè полни со нова сила, која секако ќе му е потребна по празниците на целиот ни наш народ, да ја доиздржи тиранијата и теророт од опозицијата. Но, и тоа ќе помине. Оној кој не ѝ мислел добро на Македонија, секогаш на крајот неславно завршувал.

Неколку добри вести имаше изминатиов период за младите, благодарение на заложбите на Владата да одговори на нивните потреби. Зголемување на студентските и средношколските стипендии за 10 отсто, цела палета на мерки што опфаќа млади луѓе, средношколци, студенти, деца на бранители. Се доделуваат ваучери за таблет компјутери со тастатура за студентите. Во тек е и проект за набавка на 300 000 таблет компјутери за средношколците. Во тек еинтензивна реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев. Отворени се нови лаборатории на факултетите. Проекти од кои директен бенефит имаат младите.

Во спротивно, да потсетиме за да не се заборави се разбира, во времето на СДСМ ниту се доделуваа стипендии, ниту се реконструираа студентски домови, ниту се доделуваа таблет компјутери, ниту се доделуваа бесплатни книги, ниту се доделуваа ваучери за компјутери и таблет компјутери, ниту... Има многу и би пишувал со часови што е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на проектите за младите. Јасно воочлива е разликата. Но, сепак празник е, па не би сакал многу да должам бидејќи проектите на ВМРО-ДПМНЕ се гледаат.

Нека ни е честит Велигден!
Имајте пријатни празници!

XS
SM
MD
LG