Достапни линкови

logo-print

Сириските бунтовници нападнале христијански кварт во Алепо


Сириските државни медиуми и набљудувачки групи јавуваат дека сириските бунтовници денеска го гранатирале делот од северниот град Алепо кој е под владина контрола при што загинале најмалку пет луѓе а десетици се повредени. Државната телевизија јави дека целта на нападот било населбата во која жителите се претежно христијани. На објавените фотографии се гледаат сериозно оштетени згради и улици. Алепо е на главната линија на фронтот во сириската војна.

XS
SM
MD
LG