Достапни линкови

Русија со реакција за украинската забрана на советски симболи


Руското министерство за надворешни работи одговори остро на законот усвоен во Украина во четвртокот со кој се забранува користење на симболи од советската ера и може да се бара отстранување или уништување на сите споменици од советскиот период на Украина. Во соопштението испратено вчера од руското министерство за надворешни работи се наведува дека обидите на украинските власти да ги избришат сеќавањата за минатото на земјата можеле да доведат до уште поголеми проблеми во украинското општество. Во него се критикува украинската забрана на “пропаганда на тоталитарниот комунистички и нацистички режим” наведувајќи дека Киев користел “тоталитаристички методи” со кои се загрозувала слободата на медиумите и мислењето. Руското министерство пишува и дека Москва продолжува со загриженост да ја следи состојбата и украинските власти кои се обидувале да го избришат херојското

XS
SM
MD
LG