Достапни линкови

Американец уапсен под сомнеж за самоубиствен бомбашки напад


Американското федерално обвинителство поведе обвинение против дваесет годишен маж за планирање на самоубиствен бомбашки напад во Форт Рилеј, американска воена база во Канзас во знак на поддршка на Исламска држава. Одделението за правда соопшти дека Џон Т.Букер од Канзас бил осомничен вчера за обид за употреба на оружје за масовно уништување, за обид за уништување на имот со експлозив и за обид за обезбедување на материјална поддршка за терористичката група. Американскиот обвинител Бари Грисом соопшти дека Букер бил уапсен вчера во Канзас.

XS
SM
MD
LG