Достапни линкови

Вистината лае, а караванот си врви


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Доста беше играње со чувствата на народот, доста беше замајување, доста беше млатење празна слама, доста беше мачење на народот со некакви морничави сценарија за повторни поделби на етничка и верска основа, прочитани сте и за тоа ќе бидете соодветно казнети, што побрзо толку подобро, не за мене, не за други туку за целата држава, пишува претседателот на УМС на ВМРО-Народна партија, Дино Блажевски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

И така веќе која по ред и да е бомба, народот на големо ја слуша вистината, а караванот си врви. Зарем е толку тешко да си разумен човек во денешно време? Па на крајот на краиштата врз база на што да ги почитуваме моралните вредности кои пастирот на власт ги „проповеда“ по митинзите, небаре сме на една недела од избори.

Па нели е веќе доста бре луѓе да се занимаваме со една група на луѓе кои скоро девет ипол години ја ништат Македонија, зарем не е време да ставиме крај на лудоста која вирее над ова мало парче земја.

До каде може да оди лудоста после ударот на вистината кој од ден на ден се покажува како удар со најсилен интензитет во поновата историја. А можеби е и така бидејќи луѓето свикнаа на ова расипано темпо на живеење проследено со стравови, живеејќи од ден за ден.

Па нели е веќе доста бре луѓе да се занимаваме со една група на луѓе кои скоро девет ипол години ја ништат Македонија, зарем не е време да ставиме крај на лудоста која вирее над ова мало парче земја, зарем не е време да решаваме посуштински проблеми преку решенија од кои утре најголем бенефит ќе имаме сите ние, а и младите кои допрва го живеат животот, а во моментов не гледаат ништо друго освен да го бараат спасот со иселување што подалеку од „државава“?

Се прашува некој можеби зошто држава во наводници?!

Па држава ли е местото каде што правниот систем е еквивалентен на мафијата, поделби врз база на неефикасноста на безбедносниот систем, доведувањето на партијата на исто ниво со државата, па зарем за ова ли крвареле генерации наназад, за некој утре да се подбива со поимот држава и тоа во време кога луѓето треба да размислуваат како утре да им го трасираат вистинскиот пат на своите деца?

Денеска живееме во време каде сите граѓани, жители на населени места, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и сите останати се соочуваат со исти проблеми, социјални, егзистенцијални, безбедносни.

Епа, дами и господа, јас мислам, а верувам и Вие дека доста беше играње со чувствата на народот, доста беше замајување, доста беше млатење празна слама, доста беше мачење на народот со некакви морничави сценарија за повторни поделби на етничка и верска основа, прочитани сте и за тоа ќе бидете соодветно казнети, што побрзо толку подобро, не за мене, не за други туку за целата држава.

Се прашуваат како до крајната цел, слободата де?

Едноставно, само со единство и сплотеност. Всушност и од тоа најмногу се плашат. Денеска живееме во време каде сите граѓани, жители на населени места, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и сите останати се соочуваат со исти проблеми, социјални, егзистенцијални, безбедносни. Живееме во време каде народот веќе без страв кажува дека му е збоктисано од она што го проживува последниве девет ипол години и бара да се стави крај еднаш засекогаш.

Бидете луѓе, покажете трошка разум, разбирање и почит кон народот кој Ве гласал и народот кој овие девет ипол години Ве трпеше без разлика колку тоа го сакале или не, дајте му ја ветената од генерации наназад слобода, за да може полесно да дише и функционира, за да утре, не само Вие туку вашите деца излезат со образ и прошетаат по улиците на градовите и општините ширум Македонија.

За крај на сите христијански верници им ги честитам Велигденските празници и да се држат цврсто во овие и не така радосни мигови за државата, славете го Воскресението Христово но помислете дека веќе од вторникот Македонија повторно се враќа во реалноста не вообичаени, ами посплотени и решителни, рамо до рамо со комшиите од сите етнички заедници, да се изборат за основите на една држава, а тоа се: слободата, достоинството и благосостојбата.

XS
SM
MD
LG