Достапни линкови

Србија ја разгледува можноста за приклучување во „Турски поток“


Прашањето за вклучување на Србија во изградбата на гасоводот „Турски поток“ е во фаза на разгледување, изјави српскиот амбасадор во Русија, Славенко Терзиќ. Амбасадорот истакна дека српската Влада го има предвид својот интерес во соработката со Русија во областа на гасот. Терзиќ додаде дека најмногу за еден месец во Белград се очекува да допатува рускиот министер за енергетика Александар Новак. Toj додаде дека таа средба ќе била на ниво на копретседатели на меѓувладината комисија за трговија, економска и научно-техничка соработка.

XS
SM
MD
LG