Достапни линкови

Борби во североисточен Аванистан


Авганистанската полиција соопшти дека нивните безбедносни сили убиле најмалку 18 талибански бунтовници вклучително и странски борци во североисточната провинција Бадакшан. Зборувајќи вчера вечерта шефот на локалната полиција рече дека интензивните борби се уште се во тек. До нив, како што соопшти тој, дошло откако утрината талибанските бунтовници ги нападнале безбедносните стражи во областа. На местото на настанот било пратено и засилување за безбедносните сили, а двајца војници се повредени. Во други три одделни напади во Авганистан загинаа 15 луѓе, а десетици се повредени.

XS
SM
MD
LG