Достапни линкови

logo-print

Лидерот на Муслиманското братство во Египет осуден на смрт


Лидерот на забранетото Муслиманско братство Мухамед Бади.

Лидерот на забранетото Муслиманско братство Мухамед Бади.

Египетскиот суд ги осуди на смртна казна лидерот на забранетото Муслиманско братство Мухамед Бади и 13 други високи членови на организацијата поради предизвикување хаос и насилство. Пресудата беше соопштена денеска, а судењето беше пренесувано во живо на телевизија.

Американскиот и египетски државјанин Мухамед Солтан е осуден на доживотен затвор поради поддржување на организацијата и пренесување лажни вести. Пресудата може да биде обжалена пред највисокиот цивилен суд во Египет, а целата жалбена постапка може да трае со години.

Осудените беа меѓу илјадниците уапсени по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013. Претседателот Абдел Фатех ал-Сиси, кој како шеф на армијата го собори Морси по масовните улични протести, оцени дека Муслиманското братство е главна закана за безбедноста. Братството, пак, тврди дека се посветени на мирен активизам и оти нема ништо со неодамнешните насилства предизвикани од исламистички милитанти во земјата.

XS
SM
MD
LG