Достапни линкови

Во инцидентот во Тетово еден загинат, десетина повредени


Во синоќешниот инцидент во Тетово, загинало момче на возраст од 22 години, а уште 10 лица се здобиле со разни повреди по вооружената престрелка во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според непотврдени и неофицијални информации засега непознато лице започнало однадвор да пука кон група други лица кои во тој момент биле во објектот. Според податоците на Јосифовски, момчето им погледнало на повредите на пат кон Скопје, а во инцидентот уште шест други лица кои се наоѓале во објектот, на возраст од 20 до 25 години, задобиле повреди од огнено оружје најмногу во долните екстремитети. Други четири лица завршиле со телесни повреди, расеченици, набиеници и друго и откако биле пренесени во тетовската болница по укажната помош биле пуштени на домашно лекување.

СВР Тетово трага по едно лице за кое располага со сознанија дека учествувало во престрелката.

„Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со случајот, мотивите за престрелката и се друго“, изјави Јосифовски.

XS
SM
MD
LG