Достапни линкови

logo-print

Протести во Иран против Саудиска Арабија


Стотина Иранци протестираат денеска во Техеран против Саудиска Арабија, поради наводната злоупотреба на двајца ирански аџии на аеродромот во Џеда во Саудиска Арабија. Асошиетед прес објави дека повеќе од 300 демонстранти се собрале пред саудиската амбасада во северниот дел на Техеран со барање амбасадата да се затвори. Протести има и покрај владината забрана.
Демонстрантите извикувале „Срамота“ и „Смрт за куќата на Сауд!“ што се однесува на Саудиското владејачко семејство.
Односите меѓу Иран и Саудиска Арабија се напнати поради ситуацијата во Јемен, каде коалицијата предводена од Саудиска Арабија спроведува воздушни напади против шиитските бунтовници, кои се наводно поддржани од Иран.

XS
SM
MD
LG