Достапни линкови

logo-print

Пакистан - Убиени 20 работници кои граделе брана


Најмалку 20 работници загинале, а тројца се повредени во Пакистан, кога вооружени лица ги нападнале работниците додека тие спиеле. Инцидентот се случил во југозападнатa провинција Балочистан, соопштија тамошните власти. Работниците граделе брана. Ројтерс цитира провинциски министер за внатрешни работи кој вели дека нападот се случил рано на 11 април на градилиштето кое се наоѓа на 15 километри од градот Турбат. Според него вооружени лица отвориле оган врз работниците со автоматско оружје, а потоа избегале на мотоцикли.
Засега никој не ја презеде одговорноста.

XS
SM
MD
LG