Достапни линкови

logo-print

Грција нема да ја напушти еврозоната


Грчката Влада треба да изврши големи реформи. И нема збор за напуштање на еврозоната, оцени францускиот премиер Мануел Валс.

„Напуштањето на Грција на еврозоната не е опција што се разгледува, изјави Валс.

Според него, ставот на Франција не е променет.

„Мора да се земе предвид изборот на грчкиот народ, но постојат и институционални рамки и обврски што треба да се почитуваат. Времето изминува, грчката Влада ќе мора наскоро да плати големи рати од кредитот“, нагласи Валс.

Тој напомена дека Владата во Атина треба да претстави програма со сериозни реформи за да добие финансиска помош.

XS
SM
MD
LG