Достапни линкови

Обама и Кастро се ракуваа на Самитот во Панама


Американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро вчера се ракуваа на Американскиот Самит што се одржува во Панама, покажува објавена фотографија од церемонијата на отворањето на Самитот во Панама Сити.

Претставник на Белата куќа потврди дека двајцата претседатели се ракувале и дека зборувале кратко.

„Тоа беше неформална интеракција и тоа не беше суштински разговор меѓу двајцата лидери", изјави официјалното лице.

Се очекува денеска Обама и Кастро повторно да се сретнат. Тие треба да разговараат за нивните напори за враќање на целосни дипломатски односи меѓу двете земји, зајакнување на трговијата, како и патувањата меѓу двете земји.

Со децении САД и Куба немале значајни средби на високо ниво.

XS
SM
MD
LG