Достапни линкови

Еден загинат и петмина повредени во пукотница во Тетово


Едно лице почина, а петмина се повредени во вооружениот инцидент што синоќа околу 22 часот се случил во кафе барот „Бар код“ во Тетово.

Според првичните и неофицијални информации засега непознато лице од огнено оружје истрелало повеќе куршуми кон група лица што била во кафе барот. При тоа три лица се здобиле со потешки, а три други лица со полесни повреди.

Тројцата потешко повредени веднаш биле однесени кон Скопје, но по пат еден од нив починал додека другите двајца, еден со прострелна рана во стомакот и другиот со прострелни рани во натколеница и потколеница, биле примени во Ургентниот центар во Скопје каде им била укажана лекарска помош.

Полесно повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница каде исто така им била укажана лекарска помош по што биле задржани на болничко лекување. Полицијата работи на расчистување на инцидентот.

XS
SM
MD
LG