Достапни линкови

logo-print

Експлозија пред македонската влада


Фото: plusinfo.mk

Фото: plusinfo.mk

Eксплозија се слушна вечерва околу 21 часот кај зградата на Владата, која ги вознемирила граѓаните од околните згради, јавија неколку медиуми од Скопје.

МВР за Фокус соопшти дека експлозијата се случила на само пет до 10 метри од зградата на Владата. Експлозивната направа, која допрва ќе се вештачи каква е, пукнала во тревникот од страната на зградата кај споменикот на НОБ.

МВР тврди дека нема предизвикано штета на зградата, а дека се пронајдени остатоци од експлозивот. Сè уште нема осомничени, а не се знае ниту мотивот за нападот.

Владата на Република Македонија и претходно неколку пати беше мета на вооружени напади, но полицијата нема откриено кој стои зад инцидентите.

XS
SM
MD
LG