Достапни линкови

Во пожар изгоре џамија во Дагестан


Пожарот во џамијата во Дагестан

Пожарот во џамијата во Дагестан

Централната џамија во градот Кизлиар во Дагестан била уништена од пожар. Локалните власти соопштија дека никој не бил повреден во пожарот, кој избил за време на утринската молитва. Според нив, објектот речиси целосно изгорела и покрај тоа што пожарникарите дошле на местото на инцидентот 4 минути по повикот. Се уште не се знае која е причината за несреќата, но немало индикации дека пожарот е подметнат. Во Дагестан често има случаи на насилство кое е поврзано со исламистичките бунтовници.

XS
SM
MD
LG