Достапни линкови

Уапсени 40 осомничени за тероризам во Украина


Украинските власти соопштија дека притвориле повеќе од 40 лица кои се осомничени дека биле припадници на терористичка група во пристанишниот град Одеса. Портпаролката на безбедносната служба, Олена Хитланска на Фејсбук соопшти дека тие планирале серија напади во градот за време на прославата на христијанскиот Велигден на 12 април. Според неа, и голема количина на оружје и експлозиви биле конфискувани од осомничените.

XS
SM
MD
LG