Достапни линкови

Земан нема да присуствува на парадата во Москва


Чешкиот претседател Милош Земан

Чешкиот претседател Милош Земан

Чешкиот претседател Милош Земан нема да присуствува на воената парада, која ќе се одржува за време на неговата посета на Москва наредниот месец. Според соопштението, Земан ќе го искористи времето да се сретне со премиерот на Словачка, Роберт Фичо.

Земан беше под голем притисок, вклучувајќи и од американскиот амбасадор во Чешка оти најави дека ќе присуствува на парадата за прослава на победата на Русија во Втората Светска Војна. Лидерите на ЕУ ја бојкотираат прославата поради улогата на Русија во конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG