Достапни линкови

ЕК-Грција нема да излезе од еврозоната


Европската комисија не разгледува можност за излез или исклучување на Грција од еврозоната. Според соопштението, ЕК дејствува врз основа на претходно постигнат договор меѓу Грција и меѓународните институции за нова рефорска програма и продолжување на меѓународната финансиска помош за земјата. Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека неговата земја не гледа излез на Грција од еврозоната како „евентуална варијанта“.

Британскиот весник „Тајмс“ денеска објави дека земјите од еврозоната тајно подготвуваат план за исклучување на Грција од монетарниот сојуз доколку Атина прогласи банкрот следниот месец.

XS
SM
MD
LG