Достапни линкови

Интелектуалците денеска ја имаат преземено улогата на современо свештенство на власта налик на она од средновековието, вели аналитичарот Арсим Зеколи.

Интелектуалците во Македонија како да живеат во зона на комфор која мора да се разниша, вели писателката и професор Румена Бужаровска во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе го емитуваме в недела. Таа објаснува дека интелектуалците се однесуваат како да се во некој џеб на науката, културата и уметноста и не ги поистоветуваат нив со политичките процеси, иако тие се нераздвоиви. Проблемот е во тоа што државата години наназад е главниот работодавец, затоа што државата е таа што спонзорира проекти за науката, културата и уметноста со што ја купува наклонетоста на интелектуалците.

Како со свои пари да се купени, тоа е многу апсурдно. Ние не сфаќаме дека парите од буџетот на државата се всушност наши пари. Ние не треба да се чувствуваме лошо или привилегирано ако нам ни се дадени средства за нешто да работиме.

„Како со свои пари да се купени, тоа е многу апсурдно. Ние не сфаќаме дека парите од буџетот на државата се всушност наши пари. Ние не треба да се чувствуваме лошо или привилегирано ако нам ни се дадени средства за нешто да работиме и сè додека тие не кажат нешто во однос на квалитетот на сите тие проекти што се работат и квалитетот генерално на општеството и она што се случува, тој магичен круг ќе продолжи да се повторува. Во моментот кога интелектуалците малку појасно и погласно ќе почнат да го критикуваат системот, може и да излеземе од овој вртлог“, вели Бужаровска.

Интелектуалците денеска ја имаат преземено улогата на современо свештенство на власта налик на она од средновековието во кое тие стојат блиску до политиката како извор за пробој, опстојување и влијание во општеството, а за возврат добиваат лукративни бенефити преку разни проекти или вработувања.

Поранешниот дипломат и политички аналитичар Арсим Зеколи вели дека причините за молк на интелектуалците се повеќекратни. Од една страна, тој вели дека во општеството е настаната една фонија на гласови и размислувања поради појавата на многу неформални средства за информирање и портали кои со својот начин на известување го снижуваат квалитетот на јавната дискусија и тоа им пречи на интелектуалците кои не би сакале да бидат вовлечени во дебати кои можат да го засегнат нивниот кредибилитет.

„Од друга страна, мора да се знае дека интелектуалците денеска ја имаат преземено улогата на современо свештенство на власта налик на она од средновековието во кое тие стојат блиску до политиката како извор за пробој, опстојување и влијание во општеството, а за возврат добиваат лукративни бенефити преку разни проекти или вработувања“, вели Зеколи.

Затоа има и социјални аспекти, но и приватни причини зошто дел од интелектуалците не сакаат да се истакнуваат премногу во јавноста, заклучува Зеколи.

„Затоа, за ова да се разбие, треба да почнеме внатре во општеството да профилираме концентрични кругови на влијание во кои сепак дискусијата во интелектуалната јавност ќе биде одржана на едно ниво, за после тоа, тоа да биде преземено од политиката и префрлено врз општеството, но во овој момент тоа е речиси невозможно“, вели Зеколи.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG