Достапни линкови

Бан: Кампот Јармук во Сирија е „камп на смртта“


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека палестинскиот бегалски камп Јармук во близина на Дамаск што го освоија милитантите на Исламската држава е најдлабокиот круг на пеколот во четиригодишниот хорор во Сирија. „Тоа е камп на смрт за околу 18 илјади луѓе кои живеат таму“, изјави тој, додавајќи дека светот не може да стои настрана и да гледа како се вршат масакри. Во овој бегалски камп пред почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година живееле над 160 илјади Палестинци. Кампот е основан во 1948 година кога се формираше Израелската држава.

XS
SM
MD
LG