Достапни линкови

Нордиските земји со заедничка одбрана од Русија


Петте Нордиски земји: Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Исланд се согласија на потесна соработка во одбраната откако прогласија дека Русија е најголемиот предизвик за европската безбедност. Министрите за одбрана на овие земји сметаат дека мора да се подготват на можна криза или инциденти од страна на Русија. Во заедничката изјава тие наведуваат дека руските лидери покажале оти се подготвени да употребат воени средства за да постигнат политички цели. Според нив, на Балтикот постојано растела руската воена и разузнавачка активност.

XS
SM
MD
LG