Достапни линкови

logo-print

Бројот на имигранти во Грција рапидно расте


Бројот на имигранти кои во Грција пристигнале од море, во првите три месеци оваа година е тројно поголем од истиот период лани, соопшти грчката гранична служба. Годинава во Грција стигнале околу 10 илјади и петстотини имигранти, во однос на истиот лански период кога дошле скоро 2 илјади и деветстотини. Голема број имигранти вчера беа спасени на еден остров јужно од Крит. Еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос изјави дека Европската унија е загрижена за системот на добивање азил и оти мора нешто да се преземе. Според сегашните прописи, првата земја од Унијата во која доаѓаат имигрантите мора да им го прифати нивното барање за азил.

XS
SM
MD
LG