Достапни линкови

Комеморации за падот на полскиот авион во Смоленск


Во Русија и Полска за денеска се планирани комеморации по повод пет годишнината од авионската несреќа во рускиот град Смоленск кога загинаа 96 луѓе, меѓу нив и полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга и неколкумина полски официјални личности. Тие патуваа за Русија на церемонија за жртвите од масакрот врз полските офицери во Катин кој за време на Втората светска војна го извршија припадници на советската тајна полиција. Истрага за причината за падот на авионот се уште е во тек.

XS
SM
MD
LG