Достапни линкови

Узбекистан-Закажана инаугурацијата на Каримов


Ислам Каримов

Ислам Каримов

Узбекистанската централна изборна комисија соопшти денеска дека инаугурацијата на претседателот Ислам Каримов ќе се одржи утре. Каримов го освои четвртиот мандат на функцијата на изборите на 29 март на кои доби повеќе од 90 проценти од гласовите.

Тој победи на изборите и покрај уставната одредба дека една личност може да биде само два мандати на функцијата. Факт кој изборната комисија ниту еднаш не го спомена за време на процесот на регистрација на кандидатите. Каримов е претседател на Узбекистан од осамостојувањето во 1989 година.

XS
SM
MD
LG