Достапни линкови

ИД го хакирала сајтот на туркменистанска амбасада


Знамето на Туркменистан

Знамето на Туркменистан

Туркменистанската амбасада во главниот град на Белорусија, Минск била хакирана, наводно од луѓе поврзани со екстремистичката група Исламска држава. Веб сајтот на амбасадата беше недостапен откако на него се појави црно бела фотографија од непознат маж кој носи црна маска и темна капа испишана со арапски зборови „Нема господ, освен господ“ и притоа тој држи автомат. Под фотографијата било испишано дека веб сајтот е бил хакиран од припадници на Исламската држава. Амбасадата не издаде соопштение за случувањата со нивната веб страна.

XS
SM
MD
LG