Достапни линкови

Заев даде исказ за „Пуч“, очекува да прекине постапката


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев повеќе од пет часа денеска беше на распит во обвинителството за случајот „Пуч“, каде е четврто осомничен. Заев по давањето на исказот порача оти вистата за Македонија е неговата одбрана. Тој е обвинет за насилство против највисоките државни органи. Заев изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе ја прекине постапката за случајот и ќе ја отфрли кривичната пријава од МВР.

Воедно, според него Јавното обвинителство ќе започне истрага против првите луѓе на власта за кршење на Уставот и законите на земјата. Заев денеска поднел и кривична пријава против премиерот Никола Груевски и директорот на тајната полиција Сашо Мијалков.

XS
SM
MD
LG