Достапни линкови

Ципрас-Грција не се согласува со санкциите против Русија


Грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денеска дека неговата земја не се согласува со санкциите на ЕУ против Русија. Но, според него, преземањето на санкции се честа одлука на ЕУ. Говорејќи во руската Дума во Москва, тој порача дека позицијата на новата грчка влада е дека санкциите не водат никаде, односно водат до ќор сокак. Ципрас воедно додаде дека причината за санкциите поради улогата на Русија во конфликтот во Украина и понатаму е одлука на Европа.

XS
SM
MD
LG