Достапни линкови

Ќе доведе ли изгубениот судски спор до поскапување на водата во Битола?


Битолски Водовод изгуби судски спор од Стрежево за испорачана, а неплатена вода. ЈП Водовод минатата година ја заврши со загуба од 23 милиони денари.

Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола минатата година ја заврши со загуба од 23 милиони денари. Оваа тема предизвика жестока дискусија во битолскиот Совет. Опозицијата обвини дека дел од загубата е последица на изгубениот судски спор со претпријатието „Стрежево“ за испорачана, а неисплатена вода.

Загубата на водата зачудува. Во доста голема фаза е воведен СКАДА системот, внесени се големи средства. Но, ме збунуваат бројките кои покажуваат над 50 проценти сè уште загуба на вода.

Тужител во случајот беше „Стрежево“ со кое до пред една година раководеше Љупчо Бошевски, поранешен лидер на битолскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а тужен беше „Водовод“ со кој директоруваше Зоран Илиоски, актуелен претседател на општинскиот комитет од оваа партија и пратеник во Собранието.

Совет на општина Битола.

Совет на општина Битола.

„Моето клучно прашање е дали во изгубениот спор сепак ги плативте тие побарувања од Стрежево за спорните 2010, 2011, 2012 година и двата месеца од 2013 година. Овој Совет ви дозволи пред пет години зголемување на цената на водата од 117 проценти, за потоа да продолжиме со 73 процентно зголемување на цената на водата, за вие да напишете во извештајот дека оваа цена ги покрива само делумно трошоците за производство, е страшна работа“, рече Златко Ќурчиевски од СДСМ.

Во 2010 година беше донесена одлука од „Водовод“ да се врши намалување на цената на водата со образложение дека економската состојба е сложена, а платежната моќ на граѓаните намалена. На сметка на тоа трошоците за развој и одржување во претпријатието да се одложат за подобар период.

Опозиционерите прашаа и дали загубата ќе предизвика ново покачување на цената на водата во Битола.

„Дали ова значи дека фирмите и граѓаните на Битола треба за скоро време да очекуваат поскапување на цената на водата?“, праша Александар Касапов од ЛДП.

„Загубата на водата зачудува. Во доста голема фаза е воведен СКАДА системот, внесени се големи средства. Но, ме збунуваат бројките кои покажуваат над 50 проценти сè уште загуба на вода“, рече Наташа Петровска од СДСМ.

Од советничкото мнозинство возвратија дека нема најави за поскапување.

„Значи, немаме аргументи од она што е приложено да изнесуваме такви пророчки заклучоци дека водата ќе поскапела“, рече Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се зголеми цента на водата ќе имате подобро јавно претпријатие „Водовод“. Тоа значи дека ако во 2009 година „Водовод“ направил улици за 2,7 милијарди денари, во 2011 година кога имавме зголемена цена на водата вложивме 21 милион денари за 49 реконструирани улици. Во тоа се вложени парите од зголемувањето на цената на водата“, рече Зоран Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сегашниот директор на „Водовод“, Горан Стефановски вели дека веќе имало едно намалување на цената на водата.

„Во 2010 година беше донесена одлука од „Водовод“ да се врши намалување на цената на водата со образложение дека економската состојба е сложена, а платежната моќ на граѓаните намалена. На сметка на тоа трошоците за развој и одржување во претпријатието да се одложат за подобар период“, рече Стефановски.

Граѓаните паметат дека пред пет години водата беше поскапена за 117 проценти, по што следуваше дваесетпроцентно намалување, но само за домаќинствата, додека за стопанството цената остана иста.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG