Достапни линкови

Украина-Парламентот забрани комунистичка и наци пропаганда


Украинскиот парламент денеска гласаше за забрана на пропагандата за поддршка на тоталитарните комунистички и наци режими. Според легислативата, комунистичките власти во земјата меѓу 1917 и 1991 година, односно за време на Советската ера се осудени како криминален режим кој спроведувал политики на државен терор.Симболите и пропагандата поврзани со тоа време се забранети, а мерките ако бидат имплементирани ќе значат и демолирање на спомениците од лидерот на болшевичката револуција Владимир Ленин и сликите кои останале од Советската ера.

XS
SM
MD
LG