Достапни линкови

Лавров најави министерска средба за Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека планира да се сретне со неговите колеги од Украина, Германија и Франција на 13 април за да разговара за имплементацијата на договорот со кој треба да се стави крај на вооружениот конфликт во источна Украина. Руските новински агенции јавија дека средбата ќе се одржи во Берлин.

На разговорите во февруари Минск меѓу лидерите на Германија, Франција, Украина и Русија беше договорено да се стави крај на огнот и наредните чекори за решавање на спорот меѓу украинските власти и проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG