Достапни линкови

За Велигден дома или каде што е поевтино


Најголемиот дел од граѓаните кои за велигденските празници планираат да отпатуваат некаде, ги бираат аранжманите што чинат околу 100 евра.

Поголемиот дел од граѓаните не планираат да заминат на продолжен велигденски викенд надвор од градот и празникот ќе го одбележат во кругот на семејството, а најголемиот дел од оние што организирано ќе заминат некаде одбираат аранжмани до 150 евра.

Не ни го дозволува стандардот и не планирам да отпатувам и во проценти 80 отсто не планираат, а само 20 отсто одат некаде.

Како и да е, останува возможно да се патува и со помалку пари и некои од граѓаните тоа ќе го остварат со престој во некои од домашните туристички дестинации, а важно е што велигденскиот празник сам по себе обезбедува убаво доживување, потенцираат анкетираните граѓани.

„Ќе појдеме до Берово, најчесто таму ги поминуваме велигденските празници, на чист воздух.“

Просечната побарувачка е околу 100 евра, нешто повеќе или нешто помалку од 100 евра.

„Велигден како Велигден е убав празник, и дома да е, убаво е“, велат анкетираните граѓани.

Во туристичките агенции веќе го разгледуваат билансот од продадените аранжмани за претстојните велигденски празници.

„Просечната побарувачка е околу 100 евра, нешто повеќе или нешто помалку од 100 евра“, изјави Ангеле Иванов, сопственик на туристичка агенција.

Веќе може да се каже дека интересот за патувања е помал од минатата година, вели тој.

„Според она што постојано го добивам од другите колеги како понуди за празни места на повеќе дестинации каде што ќе се патува за Велигден, најчесто во Европа, Централна Европа и соседните Бугарија и Грција. Мислам дека сè уште има слободни места, бидејќи постојано сме опсипани со понуди за неколку слободни места, а тоа во туристичката комуникација може да значи и повеќе од неколку слободни места. Значи, има и понуди и слободни места“, вели Иванов.

Тие што наведуваат дека платиле некое поскапо патување се исклучок, сметаат граѓаните, нагласувајќи дека стандардот на поголемиот дел од луѓето не е во согласност со понудата на туристичките агенции. Тие не ги критикуваат цените на туристичките агенции, туку го оценуваат како загрижувачки просечниот македонски стандард.

„За аранжмани најчесто се одлучуваме само за летен период. Само за летниот одмор си дозволуваме аранжман преку туристичка агенција, а во текот на целата година и за зимски одмор не.“

„Во Будимпешта, ама на екскурзија преку школо. Мислам дека цената е пристојна, како сите останати екскурзии.“

„За стандардот во Македонија е скапо, ама зависи, за секој различно.“

„Не ни го дозволува стандардот и не планирам да отпатувам и во проценти 80 отсто не планираат, а само 20 отсто одат некаде“, велат анкетираните граѓани.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG