Достапни линкови

Лустрација по нарачка - катастрофа за Македонија


Прислушуваните разговори само потврдија дека процесот на лустрација се одвива по нарачки, колку тој е противзаконски и против некои основни човекови права, коментираат познавачите. ​​Претседателот на Комисијата Томе Аџиев, пак, постојано ги отфрла наводите дека работат по нарачка, туку само по закон.

Повеќе од 180 луѓе се наведени во регистарот на Комисијата за верификација на фактите како лица на кои треба да им се ограничи вршење на јавна функција, поради тоа што е утврдено дека биле соработници со службите. За голем дел од нив во јавноста имаше силни реакции дека се лустрираат затоа што се неистомисленици со власта без разлика што нема доволно докази за нивниот спорен ангажман.

Ваквото сфаќање на лустрацискиот процес е катастрофа за Македонија, и уште една и внатре и надвор покажува колку во суштина власта си креирала свои инструменти за да сее некаков страв, некаков притисок за да штети на луѓето.

Претседателот на Комисијата Томе Аџиев, пак, постојано ги отфрла наводите дека работат по нарачка, туку само по закон. По вчерашната прес-конференција на опозицијата во Битола на која беа пуштени телефонски разговори од кои, како што рекоа, се слуша дека процесот на лустрација власта го претворила во политичка сатанизација на неистомислениците, Аџиев денеска не беше достапен за коментар.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска, вели дека со вчерашните разговори се потврдило тоа што и претходно се зборувало во јавноста додавајќи дека ваквиот однос кон овој процес е лош за општеството, за правната сигурност но и за слободата на изразување.

Тоа фактички е злоупотреба на власта, треба да се утврдат ако постојат законски основи, ако не треба да се донесе таков закон кога се злоупотребува власта на штета на човековите права, тогаш треба да се носи одговорност.

„Ваквото сфаќање на лустрацискиот процес е катастрофа за Македонија, и уште една и внатре и надвор покажува колку во суштина власта си креирала свои инструменти за да сее некаков страв, некаков притисок за да штети на луѓето“, вели Маргарита Цаца Николовска.

И според авторот на првиот Закон за лустрација Стојан Андов, тоа што вчера се слушна било само потврда на кој начин процесот се одвива кај нас и колку е тој противзаконски и против некои основни човекови права. Зборувајќи за телефонскиот разговор, за кој СДСМ тврди, дека бил меѓу Аџиев и пратеникот Антонио Милошоски, во кој се слуша како тој сугерира одредено лице да биде лустрирано поскоро, Андов вели дека треба да се размисли и за одговорност за политичарите.

„Тоа фактички е злоупотреба на власта, треба да се утврдат ако постојат законски основи, ако не треба да се донесе таков закон кога се злоупотребува власта на штета на човековите права, тогаш треба да се носи одговорност. Тоа е свесна ситуација, не е клевета речена во афект, туку барање е тоа, налог е тоа на Комисијата и за тие работи треба да се вовоеде кривична одговорност“, вели Андов.

Инаку покрај разговорот на Аџиев и Милошоски на прес конференцијата беа пуштени и аудио снимки на кои, опозицијата тврди, дека Груевски, неговата секретарка и министерката за внатрешни работи Јанкулоска зборуваат за работи поврзани членовите на Комисијата за лустрација.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG