Достапни линкови

САД со предупредување до Иран за Јемен


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон знае оти Иран ги поддржува шиитските Хути бунтовници кои се борат со владините сили во Јемен. Тензиите во регионот растат откако Техеран соопшти дека испратил воени бродови во близина на брегот на Јемен.

Државниот секретар Кери, во интервју за американската телевизиска станица ПБС, додаде дека Техеран мора да сфати дека Соединетите Држави нема да стојат настрана додека Блискиот Исток се повеќе се дестабилизира.

Не бараме конфронтација очигледно, но нема да се повлечеме настрана од нашите сојузници и ќе застане во одбрана на оние кои се чувствуваат загрозени како последица на одлуките што ќе ги донесе Иран.

Според него, Вашингтон ќе ги поддржи земјите во тој регион кои се чувствуваат загрозени од Иран.

„Не бараме конфронтација очигледно, но нема да се повлечеме настрана од нашите сојузници и ќе застане во одбрана на оние кои се чувствуваат загрозени како последица на одлуките што ќе ги донесе Иран“, рече Кери.

Претходно, Иран соопшти дека испратил воени бродови во близина на брегот на Јемен.

Арапските земји во Персискиот Залив би можело да имаат позитивни, нормални односи со Иран. Но, секој пат кога ќе се обидеме да му се приближиме на Иран тој почнува да го расипува регионот.

Иако официјален Техеран наведе дека тоа било во рамките на операцијата против пиратите во тој регион, посматрачите веруваат дека овој потег бил поврзан со ситуацијата во Јемен.

До ова доаѓа во момент кога растат тензиите во регионот откако коалицијата на сунитските арапи, предводена од Саудиска Арабија изведува воздушни напади и ги снабдува со оружје јеменските владини сили во нивната борба против шиитските Хути бунтовници.

Како и да е, Иран отфрла секакви обвинувања дека им помага на Хути бунтовниците кои во борбите со владините сили презеле под нивна контрола големи делови на Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.

Офанзивата на бунтовниците врз пристаништето Аден го присилија јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади да избега во Саудиска Арабија.

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф за време на посетата на Пакистан побара политичко решение за Јемен.

Тој замина за Исламабад откако Саудиска Арабија побара од Пакистан да и се приклучи на арапската коалиција која се бори против шиитските бунтовници во Јемен.

И заменик шефот на иранската дипломатија Мортеза Сармади побара итен прекин на воздушните напади и политичко решение за конфликтот во Јемен.

Претходно, министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеик Абдула бин Заед го обвини Иран за систематско мешање во Јемен

„Техеран тоа истото го прави во Либан, Сирија, Ирак, Авганистан и Пакистан“, рече тој, додавајќи:

„Арапските земји во Персискиот Залив би можело да имаат позитивни, нормални односи со Иран. Но, секој пат кога ќе се обидеме да му се приближиме на Иран тој почнува да го расипува регионот“, рече Заед.

Шеик Абдула додаде дека секоја воена копнена операција на сојузниците во Јемен мора да добие „зелено светло“ од јеменскиот претседател.

Светската здравствена организација соопшти дека во досегашните борби биле убиени најмалку 560 луѓе, скоро две илјади биле ранети, а околу 100 илјади биле принудени да ги напуштат домовите

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG