Достапни линкови

Ирански воени бродови во близина на Јемен


Иран соопшти дека испратил воени бродови во близина на брегот на Јемен. До ова доаѓа во момент кога растат тензиите во регионот откако коалицијата на сунитските арапипредводена од Саудиска Арабија изведува воздушни напади и ги снабдува со оружје јеменските владини сили во нивната борба против шиитските Хути бунтовници. Заменик шефот на иранската дипломатија Мортеза Сармади побара итен прекин на воздушните напади и политичко решение за конфликтот во Јемен. Претходно министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеик Абдула бин Заед го обвини Иран за систематско мешање во Јемен.

XS
SM
MD
LG