Достапни линкови

Царнаев, виновен за бомбашкиот напад во Бостон


Џохар Царнаев

Џохар Царнаев

Џохар Царнаев, обвинет за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година во кој загинаа три лица, е прогласен за виновен по повеќе точки од обвинението кои повлекуваат смртна казна. Дванаесетчлената порота во Масачусетс сега треба да реши каква ќе биде казната за 21 годишниот Царнаев. Поротата одлуката дека е виновен ја донесе по 12 часовно заседавање кое се протегна во изминативе два дена. Во нападот кога во финишот на маратонската трка во Бостон експлодираа неколку бомби беа ранети 260 луѓе. Во потерата по нападот полицијата беа убиени неговиот постар брат и еден полицаец.

XS
SM
MD
LG