Достапни линкови

Времето денеска: сончево и умерено облачно


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

XS
SM
MD
LG