Достапни линкови

Претстава за проституцијата на уметноста во театар Комедија


„Нешто пропуштаме“ е насловена претставата што од оваа среда, 8 април, ќе започне да ја мами публиката во театар Комедија. Станува збор за праизведба на домашен текст кој во суштина се бави со актуелната тема на проституцијата на уметноста, а чиј автор е Горјан Милошевски. Проектот го режираше Бојан Трифуновски и во него настапуваат актерите Сашко Коцев, Нина Деан, Валентин Костадиновски, Жаклина Петровска и Столе Мицов.

„Нешто пропуштаме“, првично едночинката на Горјан Милошевски изведена како драмско читање во продукција на независната „Театра“во скопскиот клуб „Дамар“, ја имаше таа судбина да израсне во голем проект чија официјална праизведба, во режија на Бојан Трифуновски, конечно се обистини во Театар Комедија.

Тие сакаат да направат нешто свое, но ништо не им оди. Нешто пропуштаат. Текстот зборува за нешто многу актуелно, а тоа е проституцијата на уметноста. Тоа може да биде која било екипа која се бори да добие средства за да реализира проект.

​Работена како пиеса која треба да говори за времето во кое настанала, претставата генерално се занимава со театарот и неговата суштина. Во центарот на вниманието е сторијата за една театарска трупа која нема идеи за добри претстави и мора да прифати наметнати теми за да добие некаков грант, кој ќе им обезбеди нова продукција.

„Тие сакаат да направат нешто свое, но ништо не им оди. Нешто пропуштаат. Текстот зборува за нешто многу актуелно, а тоа е проституцијата на уметноста. Тоа може да биде која било екипа која се бори да добие средства за да реализира проект. Кои се лимитите што може да ги надмине еден човек, колку може да падне за да се оствари проектот, како тоа влијае на хуманите аспекти на таа група и како ги исчашува од нивните нормални, секојдневни пријателски односи“, вели драматургот Милошевски, дополнувајќи дека режисерот Бојан Трифуновски суптилно и интелигентно навлегол во текстот и го прочитал точно, а со својата одлична смисла за хумор го надградил и од него го извлекол максимумот.

Мора да учиме од сопствените грешки или да уклучиме телевизор и да научиме од другиве. Ама на тој телевизор да не се жени со зелена боја на коса кои што даваат естетски кваликативи за нечиј настап. Одамна не гледам македонска телевизија и тоа ќе се види во претставата. Таа можеби нема да биде курентна, ама за тоа има екипа која што е автентично ангажирана да работи на себе. Само тогаш може да се роди добра комедија.

Од своја страна, пак, Трифуновски забележува дека „живееме во време кога се погласно и погласно се зборува за некаква духовна криза во уметноста“. Вели дека таа криза е фиксна од кога постои самата уметност, а тоа што се менува се само орудијата со кои различни луѓе почнуваат да ги гледаат работите што конечно сакат да ги видат. Дополнува дека славниот актер Кевин Спејси, кој цели 15 години е директор на „Олд Вик“ во Лондон, вели дека постоењето на театарот единствено го оправдува како постоење во состојба на криза.

„Театарот мора постојано да биде во состојба на војна. Тој мора да се преиспитува самиот себе. Да градира. Мора да се вгради Хегел во театарот... негаре, конзерваре, елегаре ...досадно е ама мора да се случи тоа. Мора да учиме од сопствените грешки или да уклучиме телевизор и да научиме од другиве. Ама на тој телевизор да не се жени со зелена боја на коса кои што даваат естетски кваликативи за нечиј настап. Одамна не гледам македонска телевизија и тоа ќе се види во претставата. Таа можеби нема да биде курентна, ама за тоа има екипа која што е автентично ангажирана да работи на себе. Само тогаш може да се роди добра комедија. “

Инаку, во проектот на Милошевски и Трифуновски играат Сашко Коцев како гостин од МНТ и актерите од ансамблот на Тетар Комедија - Нина Деан, Валентин Костадиновски, Жаклина Петровска и Столе Мицов. Сценографијата е на Љубиша Јованов, костимографијата на Искра Џокиќ, а музиката на Џијан Емин.

Кон ова уште информацијата дека „Нешто пропуштаме“ е прва премиера на Театар Комедија во 2015 година. Во мај е планирано да започнат подготовките за поставување на сцена на модерната француска драма „Име“ во режија на Нени Делместре од Хрватска, а театарската сезона ќе заврши со праизведба на драмски текст од писателот Венко Андоновски, специјално напишан за овој ансамбл кој ќе го режира уметничкиот директор на театарот - младиот Андреј Цветановски.

Конечно Театар Комедија, поради големиот интерес и одѕив на публиката, до крајот на сезоната ја продолжува и акцијата „Грст насмевки еднакво на 100 денари“ која првично беше планирана само за месец март и Светскиот ден на театарот.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG