Достапни линкови

Двајца војници и еден бунтовник загинале во источна Украина


5

5

Двајца украински војници и еден проруски сепаратист биле убиени во источниот дел на Украина. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко изјави дека и четворица војници биле повредени во изминатите денови. Бунтовниците соопштија дека тројца нивни припадници биле повредени. Двете страни се обвинија меѓусебно за прекршување на примирјето постигнато во Минск во февруари со цел да се стави крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 6000 луѓе од април минатата година.

XS
SM
MD
LG