Достапни линкови

ДИК-Усвоено упатството за референдумот во Центар


Никола Рилковски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Никола Рилковски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Државната изборна комисија денеска усвои Упатство за претстојниот референдум во Општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје. Референдумот е закажан за 26 април, а според избирачкиот список 43.461 граѓанин на 78 избирачки места ќе можат да се изјаснат на референдумот. Според претседателот на ДИК Никола Рилковски, оваа бројка би можела да се промени, имајќи го предвид јавниот увид што трае во текот на оваа недела, односно до 14 април.

XS
SM
MD
LG