Достапни линкови

„Бомба“ 19 - Нарачки за лустрација, за вработувања, за гласање


Виктор Ковачевски, претедател на СДСМ Битола.
Виктор Ковачевски, претедател на СДСМ Битола.

На прес конференција во Битола, СДСМ објави нови прислушувани разговори. Се однесуваат на корупција во Битола, изборни манипулации, партиски вработувања и нарачани лустрации.

Претседателот на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски на денешното објавување на прислушувани разговори изјави дека јавноста веќе можеше да слушне што мислат министерот за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Тој потсети дека Ставрески кажал оти Талески е тежок криминалец и перфиден актер, а Јанкулоска го надополнува дека тоа било вистина и оти тоа му е професија. На прес конференцијата беше пуштен разговор во кој според СДСМ, Ставрески и Јанкулоска говорат за договорот на Талески за превоз на ученици, кој бил коруптивен „до даска“ за цена повисока за десет пати од реалната. Талески за договорот заработи и кривична пријава од СДСМ.

МП: Хахаха, слушај има некои вработувања таму 12 и ти сеа имаш одбрано некои 9 коишто не се по препорака на партија ВЧ: Добро, 9 се вкупно. МП: Па сакав да те замолам ако може овие партискиве, кадрова комисија да ти прати…

Беа пуштени и разговори, во кои како што наведуваат од СДСМ, се открива што другите од власта мислат за Талески, како и лобирањето на градоначалникот кај Влатко Мијалков да се отстранат луѓе од спротивен табор. Во друг сет на разговори можеа според СДСМ, да се слушнат договарања за изборни нерегуларности, притисок врз приватни фирми и партиски вработувања.

Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Мартин Протогер

МП: Хахаха, слушај има некои вработувања таму 12 и ти сеа имаш одбрано некои 9 коишто не се по препорака на партија

ВЧ: Добро, 9 се вкупно.

МП: Па сакав да те замолам ако може овие партискиве, кадрова комисија да ти прати…

Виктор Ковачевски, претседател на СДСМ Битола.
Виктор Ковачевски, претседател на СДСМ Битола.

ВЧ: Значи вака, ние напраивме некои тестови Мартин овие се многу клучни места од кои двајца се тие што треба да работат за нуклеарна програма

ВЧ: 3 години чекам за овие 9 места. 3 години чекав за 9 места треба да зеам луѓе шо треба да ја работат работава, нека ми даат…

МП: Ќе ја работат работава ајде, не се секирај

ВЧ: Подобро дајте ми уше 9 места други, ќе ги запослам и тие 9 ама дајте ми квалитетни луѓе за ова шо треба да се работи

МП: Најквалитетни ќе најдам… ајде сеа ќе ти прати Горде списоче ти заврши ја работава па ќе се договориме, ајде.

Ковачевски порача дека ниту Битола не била поштедена од нападите на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тоа е реалноста за ВМРО, наведува Ковачевски, немилосрдно затвораат приватни фирми, а во државните вработуваат исклучително по партиски список.

АМ: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево ТА: Така АМ: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот… ТА: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние

Потоа беше пуштен разговор во кој, како што наведуваат од СДСМ генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Божиновски и Јанкулоска разговараат сегашната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски да не биде поставена како продекан на факултетот за безбедност, бидејќи била најголем критичар на власта.

Во последниот сет на разговори според Ковачевски има потврда дека власта процесот на лустрација го претворила во политичка сатанизација на неистомислениците, односно не за да се расчисти со минатото туку да ги санкционира сите кои и пречат.

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

АМ: Здраво живо Томе, Антонио Милошоски е на телефон.

ТА: Е здраво, здраво

АМ: Значи јас обезбедив човек да ги напише да ги пополни тие формуларите за едно лице е сега утре каде кого да ги достави на пријавница

ТА: Службите, ќе дојди кај нас ќе ги примат луѓево

АМ: Ќе ги примат?

ТА: Не е проблем

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

АМ: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево

ТА: Така

АМ: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот…

ТА: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние

АМ: Колку шо може побрзо, ќе ни биде покорисно

ТА: Ќе го пуштиме сега веднаш со сите…

АМ: Да. Важи добро

Разговорите беа објавени во рамките на 19-та таканаречена бомба на опозицијата за криминалите на власта.

Интегрално аудио од денешната прес конференција на СДСМ во Битола:

СДСМ Битола: 19-та „бомба“
please wait

No media source currently available

0:00 0:29:19 0:00
Директен линк

XS
SM
MD
LG