Достапни линкови

Хан-Партиите и институциите на тест за демократска зрелост


Комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан

Комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан

Комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан испрати писмо до лидерот на ДУИ Али Ахмети во кое истакнува дека ЕУ има волја да ги поддржи напорите на партиите во надминување на актуелната политичка ситуација и оти во следните денови предвидени се нови средби. Тој порачува дека политичките субјекти и институциите на земјата се соочуваат со тест на нивната демократска зрелост во решавањето на кризата.

Според него, државата сега треба да се соочи со кризата и на одговорен начин и демократски да ги реши политичките и правните импликации од кризата. Европската унија, како што наведува Хан има волја да ги поддржи напорите на партиите во овој процес. Хан изразува надеж дека ќе се одвиваат конструктивни разговори кои би можеле да обезбедат напредок.

XS
SM
MD
LG