Достапни линкови

Реакции на изјавата на Рама за обединување на Албанците


Реакции на изјавата на Рама за обединување на Албанците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Реакции на изјавата на Рама за обединување на Албанците

Изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама во врска со обединувањето на Албанците од Албанија и од Косово предизвика бурни реакции во Србија. Српските агенции јавуваат дека реагирала и Европската унија која наведува дека Западен Балкан има јасна европска перспектива.

„Западен Балкан има јасна европска перспектива, утврдена од Европската унија на највисоко ниво. Сите партнери во регионот сами ја потврдија таквата определба, како и решеноста да се исполнат потребните стандарди на Унијата. Сите провокативни изјави се неприфатливи.“

Сите провокативни изјави се неприфатливи.
Маја Коцијанчич, портпарол на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Ова, како што е објавено во Белград, се наведува во реакцијата на Маја Коцијанчич, портпарол на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, како реакција на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама во врска со обединувањето на Албанците во регионот.

Рама, во разговор за телевизијата „Клан Косова“, изјави дека обединувањето на Албанците од Албанија и од Косово е неспорно.

Прашање е како тоа ќе се случи. Дали во функција на Европската унија како еден природен процес со разбирање на сите или ќе се случи како реакција на европското слепило. Тактичка Европа ќе придонесе кон тоа да не остануваат други можности освен една, обединување кое ќе биде во функција на идната Европа.
Еди Рама, премиер на Албанија.

„Прашање е како тоа ќе се случи. Дали во функција на Европската унија како еден природен процес со разбирање на сите или ќе се случи како реакција на европското слепило. Тактичка Европа ќе придонесе кон тоа да не остануваат други можности освен една, обединување кое ќе биде во функција на идната Европа“, изјави Рама во разговор за телевизијата „Клан Косова“.

Во разговорот учествувал и косовскиот заменик премиер Хашим Тачи кој наведе дека Косово веќе ги исполни сите обврски за укинување на европските визи.

На изјавата на Рама реагираше српскиот премиер Александар Вучиќ кој на Твитер напиша дека Косово и Албанија никогаш нема да се обединат и побара од албанските лидери да престанат да предизвикуваат нестабилност во регионот.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во владата на Србија Марко Ѓуриќ оцени дека изјавата на Рама претставува напад врз мирот, груба закана за стабилноста во регионот и опасен повик за прекројување на границите на Балканот.

Србија и Балканот се чувствителни на секој разговор за обединување на Албанија и Косово, нешто, што, како што потсетуваат западните новински агенции, западните сили го исклучија кога ја поддржаа косовската независност од Србија во 2008 година.

Косово и Албанија, која е членка на НАТО, долго време повторуваат дека се надеваат оти ќе се обединат под знамето на Европската унија каде што границите ќе бидат отворени.

Дел од српските аналитичари во изјавата на албанскиот премиер Рама гледаат како на своевиден притисок насочен токму кон Европската унија.

XS
SM
MD
LG