Достапни линкови

logo-print

Турскиот претседател Ердоган во Иран


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган престојува во Техеран на разговори фокусирани главно врз зацврстувањето на трговските и економските односи меѓу двете земји. Тој вчера се сретна иранскиот претседател Хасан Рохани и со иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи. До посетата доаѓа во момент на тензични односи меѓу двете земји околу саудиските воздушни напади против шиитските Хути бунтовници во Јемен кои се поддржани од Иран. Ердоган јавно ги поддржа овие напади и го обвини Техеран дека се обидува да доминира во регионот.

XS
SM
MD
LG